„Битолчани, ако се радувате на успесите на Вардар - го предавате Пелистер!“ (ФОТО)

Атмосферата во Битола се вжештува пред неделното вечно дерби помеѓу Пелистер и Вардар во рамки на 7.коло во Првата македонска фудбалска лига.

Низ градот на конзулите кружат памфлети со кои се повикуваат битолчани да не се радуваат на успесите на „црвено-црните“. Навивачите на Пелистер преку овој памфлет објаснуваат од каде и како почнало ривалството со навивачите на Вардар.