ДЕФИНИТИВНО: Вардар - Копенхаген идниот вторник во Скопје!
УЕФА решила по писмото денеска и во согласност со луѓето од Копенхаген, првиот дуел да се игра на Националната Арена и таа да биде отворена за овој дуел, без оглед што европската централа на нецели три недели го чуваше нашиот најголем стадион за мегапресметката од Суперкупот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед. Вардар во писмото побара да го игра дуелот во Скопје и тоа макар со пола капацитет, а патем побара поблага казна од дисциплинецот, затоа што црвено-црните не можеле да гарантираат добра организација на стадион што не е нивни.
Националната Арена е единствениот стадион во земјава кој ги исполнува условите за да се оигра меч од третото квалификациско коло во ЛШ според правилникот на УЕФА за елитното натпреварување, па централата од Нион реши да ги прифати барањата и на црвено-црните, но и на бројните навивачи да се игра дуелот во главниот град.
Засега не се знае дали мечот ќе се игра пред полн капацитет или Вардар ќе пушти во продажба ограничен број на билети. Реваншот веројатно ќе се игра на 2 август, но и за тоа се чека одлука на УЕФА.