Партизан трие раце од трансферот на Влаховиќ – ќе заработи два милиони евра!
Матичниот клуб на Влаховиќ добро ќе заработи, како да продале еден свој талент, зашто од трансферот во „старата дама“, на белграѓани им следуваат три отсто од трансферот, а тоа претворено во вкупна сума е нешто над два милиони евра.
Но, колку и да оваа сума сега ги радува челниците на Партизан, навивачите уште повеќе ги нервира податокот дека голгетерот во зимата 2017 година за смешни 1,9 милиони евра си замина од Хумска 1, па уште тогаш многумина сметаа дека црно-белите се изиграни и за ситни пари се откажале од еден свој голем бисер.
Сега тоа се потврдува, зашто Партизан од трансферот во Јувентус ќе добие и повеќе од тоа што го заработи од Фиорентина пред пет години.