Стоилов: Не е алиби, ама не се познаваме доволно за веднаш да играме добро!
Тој беше самокритичен, но најави подобри резултати во периодот кој следува.
„За Кил ова е важна победа, особено што играа без тројца важни играчи. Почнавме многу добро, имавме водство, но бевме премногу зависни од голманот, кој фати топки и направи лажна визија за првиот дел. Главната сила на Кил е што тие се заедно повеќе време, кај нас тоа не е така. Имаме нови играчи, нов тренер. Мораме да бидеме многу подобри, но не можеме веднаш, зашто играчите не се познаваат доволно. Ама, тоа не е алиби за поразот. Мораме и можеме да победиме на следните натпревари и да си ја вратиме самодовербата.“, изјави Стоилов.
Репрезентативниот кружен напаѓач средбата ја заврши со два постигнати гола.