Пешевски со пет гола му носи втора радост сезонава на Штутгарт

Штутгарт во тежок меч против Балинген на дното на табелата успеа да слави со 27-26 и така да избега од зоната за испаѓање и да се искачи на 15. позиција во Бундеслигата, а одличен на теренот беше македонскиот ракометар Жарко Пешевски.

Екипата на Пешевски пред средината на првото полувреме стигна до предност од четири гола (9-5), но потоа Балинген влезе во серија од 5-0 и направи целосен пресврт. Сепак, до полувреме со многу пресврти Штутгарт го презема водството (15-14).

И во вториот дел се водеше голема борба на теренот, а Балинген неколку пати стигна до израмнување (22-22), но на крајот бодовите ги освои Штутгарт (27-26).

Македонскиот ракометар беше втор најефикасен во својата екипа со пет голови од шест обиди.