Официјално: Роналдо ќе ја носи „седумката“ во Манчестер јунајтед!

Манчестер јунајтед потврди дека Кристијано Роналдо ќе го носи бројот седум на неговиот дрес, откако Португалецот пред неколку дена потпиша договор со клубот од „Олд Трафорд“.

Роналдо го носеше легендарниот број и во текот на неговиот прв престој во Манчестер, а сега „седумката“ ќе ја добие од неговиот колега Едисон Кавани.

„Не бев сигурен дека можам да го носам истиот број повторно, па затоа сакам да му се заблагодарам на Кавани за неверојатниот гест“, кажа Роналдо.

Португалскиот фудбалер во период од 2003 до 2009 година играше за Јунајтед, а притоа настапи на 292 меча и постигна 118 голови.