
АМС контра ФФМ: Незаконски е да се менуваат боите на националните селекции!
Мојсовски вели дека е незаконски да се менуваат боите на националните селекции и дека македонски се црвената и жолтата боја, а не бордо и црната боја во кои требаше да бидат дресовите на фудбалерите на Европското првенство (ЕП).
„За дресовите постојат закони. Се знаат боите во сите репрезентации, има црвена и жолта боја. Незаконски би било да се вметне било каква друга боја. Федерацијата сама ги одредува боите, но по реакцијата на јавноста, тие го променија дресот. Не е важно кој е претседател на ФФМ, туку важно е тоа што законот не се почитува“, вели Мојсовски.