Хрватска повторно во солзи: Почина фудбалската легенда Златко Крањчар!
Крањчар починал по кратко и тешко боледување на 65-годишна возраст, јавуваат хрватските медиуми.
Од 1966 година до 1983 година играше во Динамо Загреб. Прво во младинскиот погон, а потоа цели десет години и во првиот тим. Во фудбалската кариера играше во Австрија во Рапид и Сент Пелтен. Како тренер имаше богата и долга кариера. За прв пат седна на клупата на Австрија Клагенфурт во 1991 година веднаш по завршувањето на фудбалската кариера.
Во неколку наврати го водеше Динамо Загреб, седеше на клупата и на Славен Белупо, Загреб, Линц, Мура, Ријека, неколку клубови во Азија како Персеполис, Ал Ахли и многу други. Беше селектор на Хрватска од 2004 до 2006 година, а кратко ја водеше и Црна Гора. Неговиот последен ангажман беше како селектор на селекцијата на Б-репрезентацијата на Иран во 2019 година.