Лудница во Далас: Дончиќ и Марјановиќ ги учеа соиграчите како се игра – српско коло (ВИДЕО)
Во еден момент, Словенецот и Србинот се фатија под рака и заиграа српско коло на теренот, додека љубопитните американски соиграчи внимателно ги следеа, па дури и се обидоа да ги имитираат во движењата.
„Опаа! Само се забавуваме како и секогаш“, напиша Марјановиќ на социјалните мрежи.
Меѓу првите што им се приклучи беше Дорјан Фини-Смит, сакајќи да ги научи чекорите.