И Шкендија контра Сејдини - тетовци ќе го бојкотираат Собранието на ФФМ!
Шкендија преку соопштение денеска објави дека нема да учествува и не ги признава моменталните случувања низ земјава во изборот на делегати, кои се недемократски, дискредитациски и не се насочени кон развојот на фудбалот.
„Земајќи ги во предвид најновите случувања во врска со изборните собранија за организациско претставување на фудбалот како на локално ниво (Општинска фудбалска лига Тетово), така и на централно ниво (Фудбалска федерација на Македонија), Шкендија го објавува мислењето, релевантни институции, и воопшто, дека воопшто нема да учествува во овој процес во формата во која веќе започна и продолжува, и со тоа нема да ја прифати валидноста на овие избори организирани во овој недемократски, дискредитациски и неразвиен формат за фудбал, за следните четири години од мандатот на овие избори“, објавија тетовци.
ОФС Тетово за два дена треба да го организира своето Собрание, а Шкендија посочува дека неприфатливо е да има само три делегати на истото, на кое вклупно се скоро 40-на делегати.
„На 18 февруари е закажано Изборното Собрание за избор на претседател на ОФС Тетово и други релевантни тела. Тековниот Статут е дискредитирачки и предвидува само три делегати од Шкендија во ОФС Тетово (колку што имаат некои клубови од пониските рангови на Тетово) од вкупно 35-40 делегати кои го сочинуваат ова Собрание. Наша проценка е дека овој Статут во сегашната форма кој се користи за овие избори не овозможува соодветно претставување на Шкендија, но исто така и на другите клубови и инвеститори во Тетово според пропорцијата наспроти придонесот што го даваат во локалниот фудбал. Покрај ова, истовремено ги следиме случувањата и на центрачлно ниво со Изборно Собрание закажано за 14 март и сметаме дека сегашниот застарен статут на ФФМ се користи за оваа недемократска дискретитациска и неразвиена изборна организација. Овој статут и изборен процес овозможуваат и штитат застарен и затворен еко-систем од ОФС до ФФМ, каде правото да се заспатува со апсолутно мнозинство и да се носат одлуки на повисоките нивоа им се дава на поеднци и други измислени субјекти од минатото, кои нудат или малку или ништо за локалниот фудбал. Од друга страна, инвеститорите, клубовите и спортистите со значителни заслуги се целоско игнорирани“, додаваат тетовци.
Според нив, сето ова ги натерало да не дадат никакви делегати на претстојните избори, а бараат одложување на Собранието, нови избори во ОФС и ФФМ на почетокот на идната година, а дотогаш усогласување на Статутот и правична застапеност на клубовите.
„Како резултат на сите овие неправилности, Шкендија најавува дека нема да назначи никакви делегати за организација на Изборното Собрание на ОФС Тетово на 18 февруари, ниту за Изборното Собрание на ФФМ на 14 март, па оттаму не ја прифаќаме валидноста на овие избори во дормат со кои ги заобиколуваат Шкендија и другите заслужени во фудбалот во земјава. Главните клубови и инвеститори во фудбалот треба да бидат со вистинска пропорционалност застапени во организација на фудбалот. Веруваме дека институциите вклучени во досегашните дискусии за овие избори, ФФМ и Агенцијата за малди и спорт имаат време да го пронајдат вистинскиот компромис за оваа година, прво да помине учеството на Македонија на Евро 2021, а потоа нови избори во ОФС и ФФМ после прилагодување на Статутот и одредување на соодветна застапеност. Затоа најдобриот компромис е да се одложат изборите во ФФМ за почетокот на 2022 година“, се вели во соопштението на Шкендија.