Беше холандски бисер, ѕвезда на Реал, а сега дојде до дното – прогласи банкрот!
Но, Дренте откако дојде во „кралскиот клуб“ за кој играше пет години, потоа доживеа вртоглав пад на кариерата, беше непрепознатливиот холандски бисер, а сега како што објавија медиумите во неговата земја прогласил и – банкрот.
Тој добил официјална одлука од судот во Бреда дека влегол во процес на „личен стечај“, што подразбира дека сега добива старател (судот) и целиот процес ќе оди преку него за било каква одлука. На овој начин, Дренте се спасил од силниот притисок на доверители, во случајот извршители, кои го „бркале“ за големите долгови.
Инаку овој фудбалер моментно е дел од третолигашот Козакен Бојс. После Реал Мадрид, кога почна кариерата да му оди во надолна линија, беше дел од Евертон, Херкулес, Аланија, Рединг, Шефилд Венздеј, Кајзери, Баниас, Спарта, а пред сите дел од Феенорд, каде ја почна кариерата.
Иако заработи огромни пари, луксузниот живот очигледно и нерезонското трошење на пари го доведоа сега да биде банкрот, а во меѓувреме освен во фудбалот, вплива и во музичките води, како рапер, па веќе има неколку песни и спотови.