Ракометарите во Шпанија најавија бојкот ако мора да играат со – маски!
После мечот кој се одигра, а сите на Пиринеите, па и во европскиот ракомет останаа запрепастени од лудоста да се игра ракомет со маски, според последните информации дошла закана од ракометарите дека воопшто нема да играат, ако услов за такво нешто е да се игра на овој начин.
„Не можев да дишам, а камо ли да комуницирам со соиграчите. Ова е ужасно искуство. Да не зборувам дека на секои пет минути требаше да ги менуваме маските, зашто брзо се потиме“, вели Димитриевски за неверојатно лудото искуство.
Критики за одлуката на овој начин да се одигра еден ракометен меч доаѓаат од сите страни, па сега на раководството на АСОБАЛ-лигата е да пресечат и вакви лудости повеќе да не се случуваат.
„Тоа беше тотално лудило. Па играчите не можеа да дишат во последните минути. На некои дури им беше и лошо. Тој што ја донел ваквата одлука е – идиот“, коментираат многу бивши ракометари и стручњаци.