Вилијан се збогува со Челси: Поминав седум прекрасни години, си одам со крената глава!

Бразилскиот репрезентативец Вилијан и официјално се збогува од лондонски Челси, каде мина седум години од кариерата, а според најавите ќе остане во Лондон, но ќе се пресели на Северот во – Арсенал.

Вилијан преговараше за нов договор со Челси, но неуспеа да се договори и сега како слободен играч од денеска си заминува, па кон јавноста и навивачите на „сините“ со писмо се збогува.

„Беа тоа седум прекрасни години. Кога во август 2013 ја добив понудата од Челси, бев убеден дека тоа е правото место каде треба да играм. Денес сум сигурен дека тоа беше најдобрата одлука. Беа тоа многу прекрасни моменти, имаше и тажни, имаше трофеи и секогаш имаше многу тензија... Дојде време да тргнам понатаму. Сигурен сум дека ќе ми недостигаат моите соиграчи, целиот персонал во клубот кои ме третираа како син, а посебно навивачите. Си одам со крената глава, со помисла дека тука освоив многу и дека секогаш сум давал сè од себе“, објави Вилијан: