Фудбалер во Франција вторпат фатен како мастурбира на јавно место
Ел Мелали во мај годинава бил фатен како маструбира пред својот дом во кој живее и тоа додека ја гледал комшиката која се разголела во својот двор. Но тогаш, Алжирецот мина без никаква казна, само со опомена да внимава на своето однесување, а јавно ѝ се извини на комшиката и на целата јавност за својот потег.
Но, очигледно сето тоа не помогнало многу, па вчера бил уапсен откако бил фатен повторно како мастурбира, а по изјава на сведок сега е започната постапка против него. Ел Мелали сега се соочува со парична казна од 15.000 евра и едногодишна затворска казна.
Алжирецот сезонава во Лига 1 до прекинот (Франција комплетно го откажа доигрувањето на сезоната) малку помина на теренот, поради чести повреди, а во осумте меча на кои настапи даде пет гола.