
Каталонија ќе го бојкотира Адидас поради спорни патики со шпанско знаме!?
Сепаратистичкиот регион кој се бори за самостојност најави бојкот на Адидас, зашто Германците им направиле патики со шпанското знаме, а на нив пишува Барселона. Иако Барселона и Каталонија се дел од Шпанија, во оваа провинција политиката очигледно не може, а да не замеша прсти и во најбанална работа.
Според Каталонците, патиките се толку спорни, зашто имаат две основи кои не се споиви – шпанско знаме и Барселона.
„Во Барселона нема ништо да продадете“ е пораката на Каталонците.
Адидас вакви патики направи за да ги одбележи игрите и во Монтреал, Сеул, Сиднеј... Ама, само во Каталонија наидоа на сериозен отпор. Инаку патиките чинат 155 долари.
ADIDAS "Barcelona".... o ganas de tocar los cojones. pic.twitter.com/DpRNMqv4Sa
— El Brusko (@ElBrusko) July 2, 2020