Зидан може да здивне: Азар се враќа на теренот
Азар во февруари се повреди и мораше да биде опериран, по што го очекуваше долга пауза. Но, коронавирусот му помогна со тоа што се одложи шампионатот, па Белгиецот успешно се рехабилитираше и се врати во форма.
Зидан потврди дека Азар се враќа уште вечерва на теренот, а исто така подготвен за настап е и Марко Асенсио, кој беше повреден.