Официјално: Откажана уште една трка во Мото ГП

Почетокот на Мото ГП сезоната полека наближува, а организаторите на натпреварувањето во голема мера преговараат со земјите што ќе можат да бидат домаќини.

Некои од државите веќе се откажаа, а последна што го стори тоа е Јапонија. Главен виновник за тоа зошто Хонда, Јамаха и Сузуки нема да можат да настапат дома е пандемијата на коронавирус.

Ова значи дека за прв пат од 1986 година, првенството во Мото ГП ќе се одржи без Големата награда на Јапонија, трка која се возеше на патеката „Мотеги“, а беше планирана за на 18 октомври.

Големата награда на Јапонија е шестата трка што досега е откажана. Претходно тоа го сторија Холандија, Германија, Велика Британија, Австралија и дебитантот Финска.

Семејството во Мото ГП работи напорно за да ја започне новата сезона и да организира што е можно повеќе трки. Од таа причина, тие ќе возат во Европа до средината на ноември, додека другите трки ќе се одржат после тоа, секако ако ме можно такво нешто, истакна Кармело Еспелете, менаџерот на Дорн.