Сценарио од кое сите се плашеа: Крај на Евролигата и Еврокупот!?
Раководството на Евролигата заедно со клубовите треба да ја донесе конечната одлука во Барселона на 24 мај, а според шпанскиот портал кој добил информации од Уникаха, натпревари повеќе нема да има.
„Шпекулациите се гласни. Нема да биде комплетирана сезоната во Евролигата и Еврокупот. Сè останато би било изненадување“, сметаат Шпанците.
Се шпекулира дека основа причина за таква одлука е тоа што поголем дел од тимовите се против продолжување на сезоната.