Неверојатно: Цел тим прележал коронавирус, а не знаеле дека се заразени!
Фудбалерите на Волфсбергер имале задолжителен тест на антитела за коронавирус, па резултатит ебуквално ги шокирале Австријците. Лекарските тестови покажале дека скоро сите биле заразени, но за среќа ниту еден од фудбалерите не појавил симптоми, ниту имал некакви проблеми.
„Овие тестови покажаа дека Ковид-19 бил меѓу фудбалерите, но сите тие биле асимптоматски. Едноставно сите го имале вирусот, а никој не бил свесен, ниту приметил“, пишува „Клајне Цајтунг“.
После ова, откако клупскиот лекар Јоханес Вајнбергер ги видел резултатите и останал шокиран, решил поради невообичаениот број на позитивни тестови на присуство на антитела од коронавирус, повторно да се спроведе тестирање.
„Нам вчера ни стигнаа резултатите и покажаа невообичаено преголем број на тие што имаат антитела. Сега повторно ќе има тестови на земените примероци, па лабараторијата во Клагенфурт ќе изврши уште еден сет на тестирање, за да знаеме што точно се случува(ло)“, рече Вајнбергер.
Инаку сите фудбалери на овој австриски бундеслигаш биле негативни на ПЦР-тестовите, што значи дека немаат Ковид-19, но сега ако вторпат се покаже дека имаат присуства на антитела, ќе значи дека фудбалерите не само што несвесно ја прележале болеста, туку и веќе се имуни на новиот опасен ворус од кој преку 250.000 луѓе во светот го загубија животот, а над 3,5 милиони се заразија.