Дончиќ даде 27 поени во триумфот на Далас, Џејмс со трипл-дабл го урна Бруклин (ВИДЕО)
Леброн Џејмс повторно беше одличен во редовите на Лејкерс, па постигна трипл-дабл со 27 поени, 12 скокови и 10 асистенции, додека Кајл Кузма и Ентони Дејвис постигнаа по 16 поени.
Интересен беше мечот и меѓу Портланд и Далас, во кој гостите на крајот триумфираа со 133-125 и покрај 47 поени на Дамиен Лилард, а Лука Дончиќ повторно покажа дека не е од оваа планета и даде 27 поени, шест скокови и девет асистенции.
Вашингтон го реши Кливленд со 124-112, а Бредли Бил постигна 36 поени и осум скокови во победата на гостите.