Андоновски со триумф дебитираше на кормилото на САД (ВИДЕО)
Машинеријата на САД под водство на Андоновски почна фантастично на мечот, па по само шест минути поведе со 1-0 преку Лојд, додека до 31. минута водството порасна на 3-0, откако погодија Прес и Лојд повторно.
На стартот на второто полувреме беа извршени неколку замени од страна на селекторот, како потоа и од шведската репрезентација, која во 75. минута искористи една шанса и намали на 1-3. Додека Американките се соземат, Шведска повторно нападна и намали на 2-3 во 79. минута.
Репрезентацијата на Андоновски се освести веднаш по вториот гол на нивните противнички, па Лојд доби пенал, преку кој можеше да постигне хет-трик, но не успеа да ја искорист дадената шанса, па американските фудбалерки на крајот славеа со 3-2 во пријателскиот меч.