Навивачите на Марсеј потрошиле 200 часа за да направат кореографија за дербито со Лион
Сите подгрупи на навивачите на Марсеј се собраа да направат џиновска кореографија за оваа средба во чест на поранешниот шампион во Европа кој ќе го прослави својот 120. роденден.
Трошоците за нејзина изработка беа финансирани од клубот, кореографијата ќе трае пет минути, а навивачите макотрпно на неа работеа околу 200 часа, откриваат координаторите на проектот, кои не сакаа да дадат повеќе детали.
Единствено што е познато е дека кореографијата ќе биде во 3Д ефект и сигурно ќе биде поимпресивна од онаа што ја направија навивачите на Марсеј на дуелот против ПСЖ во 2015 година.
Кореографијата ќе се изведува на сите четири трибини на стадионот „Веледром“, кој има капацитет од 67.334 седишта и нема дилема дека ќе биде спектакуларно.
Натпреварот Марсеј - Лион се игра во недела со почеток во 21 часот.