Борбата на Надал сè уште трае: Лекарите ми рекоа пауза, не смеам да правам погрешни потези!
Шпанецот е свесен дека здравјето е прво место, но посочува дека ќе стори сé што е можно за да биде подготвен за завршниот турнир во Лондон.
Доколку не се повлечев во мечот против Шаповалов, тогаш немаше да биде добро. Поминав низ истата приказна и порано, затоа лекарите препорачаа пауза. Не смеам да си дозволам да правам погрешни потези. Целта е да се рехабилитирам, но се надевам дека ќе можам да играм во Лондон, тоа е мојата цел, истакна Надал.
Инаку, тој има болки во мускулите, а поради слични проблеми го пропушти завршниот турнир минатата сезона. Резултатите од магнетната резонанца се очекува да бидат познати наскоро, а потоа ќе биде се потврди дали Шпанецот ќе настапи во Лондон.