Реал во паника за Модриќ: Не знаеме колку ќе треба за да закрепне!
Реал Мадрид во вторникот ги откри деталите од повредата, па Хрватот по прегледите дознал дека има оток на десната нога и засега не е потврдено колку време ќе отсуствува од фудбалските терени.
Иако селекторот на Хрватска, Златко Далиќ кажа дека докторот на репрезентацијата потврдил дека Модриќ ќе се врати за два-три дена, сепак Шпанците тврдат дека повредата е многу посериозна.