Англискиот гигант Арсенал е заинтересиран за талентираниот дефанзивец на Сент Етијен Вилиам Салиба. Сепак, за да стигне до овој фудбалер Арсенал ќе мора да го победи својот лут ривал Тотнем кој исто така е сериозно заинтересиран за младиот фудбалер. „Петлите“ веќе две години немаат ангажирано ниту еден фудбалер, па затоа се очекува да бидат доста активни во овој преоден рок.