Навивачите во очај, но благодарни: „Спасибо Сергеј, фала ти за европската титула“ (ФОТО)
Во неверица, објавуваат коментари под објавата на официјалниот сајт и сите се прашуваат што понатаму. Русинот со кого Вардар стана европски препознатлив клуб, реши да прекине да дава пари во спорт од каде што не може да врати ниту 10 отсто од вложеното.
„Спасибо Сергеј“, „Фала ти за европската титула“, „Ти си шампион“, се само неколку од стотиците коментари со поддршкка и благодарност за Самсоненко.