Рамос стана бесмртен - го одигра 600-от меч за Реал Мадрид!
Стоперот на „кралевите“ го запиша 600. настап за Реал Мадрид, па така на најубав начин го прослави со триумф во Холандија.
Шпанецот е еден од најтрофејните фудбалери во историјата, па освои четири титули во Лигата на шампиони, четири трофеи во Ла Лига, Европското првенство во 2008 и 2012 година, Светското првенство во 2010 година и уште многу трофеи.
Исто така, Рамос со Реал беше победник во Лигата на шампиони во 2016, 2017 и 2019 година, а осум пати бил во тимот на годината на УЕФА.