Кога жена ќе вмеша прсти: Ванда Нара е виновна за бркањето на Икарди
Џузепе Марота разговарал со Икарди и му укажал дека неговата девојка Ванда Нара не смее да ги коментира случувањата во клубот. Сепак, договорот не се испочитувал, а Нара даде изјава дека Икарди не може да даде гол поради тоа што нема никаква поддршка од своите соигралчи.
Генералниот менаџер на Интер, изјавата на Нара ја сфатил како „оцрнување“ на клубот па клубот од Милано се реши да го „казни“ Икарди.