Неверојатна тројна одбрана на вардаровиот октопод Милосављев! (ВИДЕО)
Милосављев имаше три одбрани во иста акија, па како вистински октопод до лудило ги доведе Французите, во првиот дел во кој вардарци играат егал меч со владетелот на европскиот трон, а на полувреме имаат и водство од еден гол (12-11), благодарение на извонредниот голман, како и на четирите гола на Вуко Борозан, а по три на Сташ Скубе и Иван Чупиќ.