Русите ги молат жителите на Москва да не доаѓаат во фан-зоната!?
Фан-зоната во Москва стана привлечна за голем број фанови кои не можат да одат на натпреварите, па сакаат да го гледаат натпреварот на огромен екран.
Тоа ги натера организаторите да го ограничат бројот на 25.000 кои може да дојдат во фан-зоната, а тоа предизвика голем број критики на сметка на властите, кои морало да се подготват подобро бидејќи во градот живеат 12 милиони луѓе.
„Ги замолуваме фановите да доаѓаат само во фан-зоната за да ги следат натпреварите. Постои можност да ги гледаат натпреварите и на други места, бидејќи во градот има многу хотели, ресторани...“, соопштија руските власти.
ФИФА не даде одговор на критиките, па Николај Гулајев кажа дека подобри би им било на навивачите да останат во локалните барови, каде што ќе може да ги проследат натпреварите.
„Во баровите имаат храна и пијалоци, а атмосферата сигурно ќе биде прекрасна колку што е и во фан-зоните“, вели Николај.