Алкараз со само 23 години стана бесмртен - им се приклучи на Ѓоковиќ, Федерер и Агаси!
Со триумфот на завршниот АТП-турнир, Алкараз ги комплетираше трофеите на сите четири гренслем-турнири и Завршниот мастерс. Вакво достигнување во историјата на светскиот тенис до синоќа им успеало само на тројца великани – Андре Агаси, Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ.
Шпанецот овој историски подвиг го оствари на само 23-годишна возраст. Во својата импресивна колекција тој веќе има по две титули на Ролан Гарос, Вимблдон и УС Опен, како и по еден пехар на Австралија Опен и Завршниот мастерс.
И покрај големиот триумф во Торино, Алкараз ќе ја заврши годината на третото место на АТП-листата, зад Александер Зверев и Јаник Синер.
