Реал Мадрид потпишува нов договор со Валверде - во иднина ќе вреди милијарда евра!

Капитенот на Реал Мадрид, Федерико Валверде, ќе ја продолжи соработката со „кралскиот клуб“ на уште пет години, откако со новиот договор ќе бидат додадени дополнителни две сезони на неговиот актуелен ангажман кој истекува во 2029 година.

Со новата, далеку поголема плата, во новиот договор ќе биде вметната и откупна клаузула во висина од една милијарда евра. Ова е веќе вообичаена пракса кај шпанските клубови со цел да се избегнат какви било шпекулации и обиди на ривалите да ги доведат нивните најголеми ѕвезди. Валверде дефинитивно спаѓа во таа категорија, откако се наметна како вистински столб на актуелниот состав и достојно ја носи капитенската лента на најголемиот клуб во светот.

Уругвајскиот репрезентативец пристигна во Реал Мадрид уште во 2016 година од редовите на Пењарол и досега има собрано 388 настапи. Продолжувањето на договорот очекувано ќе го направи еден од најплатените фудбалери во клубот. Валверде сезонава одигра 15 натпревари на кои забележа учинок од три гола и две асистенции. Иако неговата природна позиција е во средниот ред, во последниот период под водство на Жозе Мурињо тој успешно настапува и на позицијата десен бек.