Турците тврдат: Поранешен тренер на Пандев е фаворит за клупата на Македонија!

Искусниот турски стратег, Хамза Хамзаоглу, започнал официјални преговори за преземање на селекторската функција во македонската фудбалска репрезентација, пишуваат информациите од Турција (види ТУКА).

Веста ја објави турскиот новинар Решат Џан Озбудак, кој пренесува дека Хамзаоглу веќе остварил директни разговори со раководството на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) околу можноста да го преземе кормилото на националниот тим.

Хамзаоглу е добро познато и ценето име во турскиот фудбал, со богато искуство од водењето на бројни клубови во тамошната Суперлига. Тој би требало да го наследи Гоце Седлоски, после неуспешните настапи во Лигата на Нации, каде Македонија заврши со шест порази и со само еден постигнат гол. Тој покрај Галатасарај, работеше и во Малатијаспор, Денизлиспор, Акхиспор, Бурсаспор, Анталијаспор, а последен клуб му бил Еш Шебаб од Саудиска Арабија, но таму работел како помошник.

Во тимот на Галата работеше во сезоната 2014/2015, кога во Истанбул го донесе најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, Горан Пандев.