ЖРК Чаир го дозна европскиот ривал: Украинскиот првак доаѓа во Скопје на битка за четврт-финале!
Пред македонскиот претставник е исклучително квалитетен ривал, кој во досегашниот тек од натпреварувањето демонстрираше одлична форма и со по две убедливи победи ги елиминираше екипите на Жалгирис и Х71. Според предвидениот распоред, првиот осминафинален натпревар ќе се одигра во Скопје на 9 или 10 јануари, додека реваншот е закажан една недела подоцна на теренот на противникот во Полска, каде Галичанка ги игра своите домашни натпревари.
Чаирчанки до оваа фаза од натпреварувањето стигна со одлични и сигурни настапи. Откако го прескокна второто коло, македонскиот тим во третата рунда забележа две победи на гостински терен против азербејџанскиот претставник Кур, со што обезбеди европска пролет и дуел со силниот украински состав.