Хаос во Лос Анџелес: Судијата полуде и тргна да се пресмета со Дончиќ - ај повтори што рече?!
Делителот на правдата видно испровоциран и изнервиран тргна директно кон словенечкиот репрезентативец со зборовите: „Што рече?!“. Поголема ескалација и потенцијален физички инцидент навремено спречи помошниот тренер на Лејкерс, Скот Брукс, кој веднаш застана меѓу нив и ги раздвои. Дончиќ делуваше изненадено од бурната реакција на арбитерот и одлучи да не влегува во понатамошна расправија.
Ваквите тензии не се новост во односот меѓу Дончиќ и Медокс. Двојката има историја на несогласувања уште од март, кога раководството на НБА-лигата го казни словенечкиот кошаркар со 50.000 долари, откако за време на дуелот против Њујорк Никс со гестикулација со прстите алудираше дека судијата Медокс е поткупен.