Македонија падна за две позиции на новата ФИФА-листа!

Фудбалската репрезентација на Македонија со шест порази ја заврши групната фаза во Лигата на нации, а на најновата листа на ФИФА забележа нов пад.

По поразите од Шкотска и Словенија, Македонија падна за две позиции на ФИФА-листата и во моментов има 1.339 поени.

На врвот на ФИФА-листата нема промени, односно Шпанија е прва, по што следат Аргентина, Франција и Англија.