Познат е распоредот: Македонија ќе тргне против Грција, а ќе заврши со Австрија!
Македонија најпрво ќе настапи на првиот турнир во Грција од 4 до 6 јуни идната година. Одбојкарите прво ќе се соочат со домаќинот на 4 јуни, а еден ден подоцна ќе се пресметаат со Норвешка.
Вториот турнир е закажан во Чешка од 11 до 13 јуни, при што Македонија прво ќе се пресмета со домаќинот на 11 јуни, а еден ден подоцна следи меч протиов БиХ.
Нашата селекција ќе биде домаќин на третиот турнир, при што ќе одигра еден натпревар на 18 јуни против Словачка, а два дена подоцна ќе се судри со Австрија.
Фото: ОФМ/Вангел Тануровски