Ракометното дерби Алкалоид - Пелистер ќе оди на „телевизија“ - Јутјуб!

Алкалоид и Пелистер ќе се соочат во дербито од 11. коло во ракометната Суперлига, а пренос од натпреварот ќе има на официјалниот Јутјуб канал на Ракометната федерација на Македонија (РФМ).

Битолчани во четврток, 19 ноември, ќе гостуваат кај Алкалоид во натпревар од 11. коло во Супер машката лига. Дуелот ќе се одигра во спортската сала „Автокоманда“ во Скопје, со почеток од 18.00 часот.

Пелистер е втор на табелата со 17 бодови, додека Алкалоид е на четвртата позиција со 16 поени.

Фото: РФМ