Нови детали: Познато е кога Сити ќе ја дознае конечната пресуда!

Манчестер сити во средината на декември ќе ја започне жалбената постапка против пресудата со која беше прогласен за виновен за прекршување на финансиските правила на Премиер лигата. Според информациите на „Фајненшл тајмс“, одлуката по жалбата би можела да биде донесена на почетокот на јануари.

Независната комисија кон крајот на септември пресуди дека англискиот шампион ги прекршил финансиските прописи, по што клубот на 1 октомври официјално поднесе жалба. „Граѓаните“ ќе се обидат да ги оспорат сите точки од обвинението за кои беа прогласени за виновни.

Доколку жалбата биде одбиена, казната би можела да биде објавена речиси веднаш по донесувањето на одлуката. Сепак, сè уште нема јасни информации кога таа би стапила на сила, а Сити би имал право на нова жалба и на евентуалната санкција.

Според забрзаната процедура на Премиер лигата, сослушувањето мора да се одржи во рок од 12 недели од поднесувањето на жалбата и не смее да трае подолго од пет дена. Комисијата потоа има уште 30 дена за да ја донесе конечната одлука.