Седлоски тргнува во офанзива со Растодер и Чурлинов, Елмас се враќа во средниот ред! (ФОТО)
На нешто повеќе од еден час до почетокот познати се и составите за кои се одлучија двајцата селектори.
Најголемата промена во однос на претходните натпревари кај нас е тоа што Елмас кој претходно играше на левата страна на повеќето од дуелите, сега се враќа во средината благодарение на добрата форма на Дориев, кој сега ќе покрива од левата страна. .
Освежување во офанзивата треба да биде и Дарко Чурлинов кој не играше на претходните средби поради проблеми со визата, а сега се враќа во стартните 11. Заедно со нив најистурен пред голот на Шкотланѓаните ќе биде и Елмин Растодер.
