Шести пораз за МЗТ: Аеродромци се распаднаа против Ираклис во Солун!

Кошаркарите на МЗТ Скопје доживеаја тежок пораз на гостувањето кај Ираклис (73-103) и го запишаа шестиот пораз во ФИБА Европа купот.

Ираклис го отвори натпреварот со серија од 10-0, а предноста растеше и до +16 (24-8). „Штрковите“ заиграа подобро во вториот дел против домаќинот и намалија на четири поени негатива (35-39).

Грчката екипа ја презема контролата во второто полувреме и постојано ја зголемуваше предноста сè до конечни +30 (103-73).

Најефикасен во победничкиот тим беше Ноа Хочлер со 19 поени и осум скокови, додека Емир Крајиниќ запиша 17 поени, 10 скокови и две асистенции за МЗТ.

По шест одиграни меча, МЗТ е последен во групата Е со шест порази, додека Ираклис е лидер со четири триумфи и два порази.