Шампионот без милост против Милвоки, Бостон како гостин ја растури Филаделфија (ВИДЕО)
Шампионот со тоа ја продолжи одличната серија и стигна до четвртата победа по ред. Џејлен Брансон беше најефикасен со 23 поени, додека Карл-Ентони Таунс оствари дабл-дабл од 21 поен и 16 скока. О Џи Ануноби придонесе со 19 поени.
Клучниот момент се случи во втората четвртина, кога домашниот состав направи серија и на полувремето замина со убедлива предност од 58-34. Милвоки се обиде да се врати во третата четвртина, но Њујорк повторно ја презеде контролата и без проблем ја заврши работата.
Кај Бакс, Хаиме Хакез Јуниор постигна 16 поени. Милвоки се наоѓа во сериозна криза, со седум последователни порази и биланс од само една победа на првите 11 натпревари.
Бостон Селтикс славеше на гостувањето кај Филаделфија со 123-101. Гостите беа подобри во завршницата, а последната четвртина ја добија со 32-19. Џејсон Тејтум постигна 21 поен, а Бостон реализираше дури 22 тројки. Кај Филаделфија, Тајрис Макси беше најдобар со 24 поени.
РЕЗУЛТАТИ:
Милвоки – Њујорк 85-117
Филаделфија – Бостон 101-123
Лос Анџелес Клиперс – Финикс 110-133
Јута – Мајами 109-115
Сакраменто – Орландо 100-107
Портланд – Оклахома Сити 123-103