Македонија го крева ритамот пред Шкотска – секој тренинг е важен во пресрет на големиот предизвик (ФОТО)

Фудбалската репрезентација на Македонија продолжува со подготовките за дуелот со Шкотска во Лигата на нации. Националниот тим го одработува вториот ден од тренинзите, а фокусот постепено се насочува кон деталите што можат да бидат пресудни на претстојниот натпревар.

Секој собир носи нова можност за воигрување, усовршување на тактичките замисли и дополнително подигнување на атмосферата во тимот. Пред избраниците е сериозен испит против квалитетен противник, кој бара максимална концентрација и дисциплина во текот на сите 90 минути.

Македонија сака подготвена да го дочека предизвикот и на теренот да покаже дека има сили да се надигрува со Шкотланѓаните. До натпреварот останува уште време за финално дотерување на формата, а секој одработен тренинг е чекор поблиску до посакуваното издание.

Македонската репрезентација на 13 ноември ќе се соочи со Шкотска во Глазгов. Мотивот е дополнително засилен од желбата да се прекине лошата серија и на резултатски на голгетерски план со оглед на тоа што нашиот национален тим безмалку една година е без постигнат погодок.

По гостувањето во Шкотска, нашата селекција на 16 ноември ќе ја пречека Словенија во Скопје, со што ќе го затвори овој циклус во Лигата на нации.