Плукањето ја празни касата на Работнички, жестока казна за Скопје поради – непуштање химна!
Работнички ќе мора да плати вкупно 60.000 денари, откако дисциплинските органи му изрекоа две одделни казни. Првата, во висина од 30.000 денари, е за плукање кон службени лица, додека дополнителни 30.000 денари клубот ќе треба да плати за фрлање тврди предмети.
Ниту Скопје не помина без финансиски последици. Клубот е казнет со вкупно 40.000 денари, од кои дури 30.000 се за неинтонирање на државната химна, спротивно на одлуката на Управниот одбор на КФМ Дополнително, Скопје е санкциониран со 10.000 денари поради необезбедување услови потребни за правилно и непречено одигрување на натпреварот.
Веќе традиционално, во оваа рубрика е МКК Куманово, но сега не поради однесувањето на навивачите кои добиле и пофалба од делегатот, туку поради технички грешки, во висина од 16 илјади денари.