Драма до последна секунда: ТФТ ја доби „војната“ против Куманово (ФОТО)

Кошаркарите на ТФТ ја запишаа третата победа во македонската Суперлига, откако вечерва го надиграа Куманово со 89-87.

Двете екипи понудија одлична кошарка од самиот почеток, а Куманово прв создаде посериозна предност во првата четвртина (20-12). Сепак, скопскиот тим со серија од 8-0 ја анулира негативата.

До крајот на првиот дел се водеше жестока борба на паркетот, а двете екипи го менуваа водството, за на паузата со предност од четири поени да заминат гостите (50-46).

ТФТ подобро го отвори вториот дел и стигна до 64-55, но Куманово се созема од почетниот шок и до крајот на третата четвртина израмни на 68-68.

Во последните 10 минути постојано водеше Куманово, а ТФТ направи пресврт на само пет секунди пред крајот со двете слободни фрлања на Сила. Гостите се обидоа преку Камерон Гуден да израмнат, но тој промаши удар за два поени.

Сила беше најефикасен кај ТФТ со 27 поени, 12 скокови и две асистенции, додека Гуден запиша 33 поени, шест скокови и две асистенции.