Раул Гонзалес се врати на фудбалот, стана тренер во Шпанија!

Легендата на Реал Мадрид и поранешен шпански репрезентативец, Раул Гонзалес, е назначен за нов тренер на шпанскиот второлигаш Овиедо.

49-годишниот стратег ќе го преземе тимот кој во моментов се наоѓа на деветтата позиција на табелата, наследувајќи го Хулијан Калера, кој доби отказ по 13 одиграни кола.

Раул досега тренерското искуство го градеше во младинските категории на Реал Мадрид, а од 2019 до 2025 година беше предводник на вториот тим на „кралевите“, Реал Мадрид Кастиља.

Неговото деби на клупата на Овиедо е закажано за в сабота, кога неговиот нов тим ќе се соочи со Џирона.