Вардар веќе мисли на наредната сезона - потпиша со еден најважните во тимот!

Вардар има одличен почетокот на сезоната во домашното првенство и е на добар пат да ја одбрани титулата, но во таборот на „црвено-црните“ веќе размислуваат и за наредната сезона.

Денеска актуелниот шампион потврди дека клубот ја продолжи соработката со кружниот напаѓач Виктор Јанковски.

Според новиот договор Јанковски ќе му остане верен на Вардар до 2028 година.

„Јанковски во изминатиот период се етаблираше како една од најважните алки во нашиот состав, а во Вардар ќе остане најмалку до 2028 година. Активно работиме на кроењето на тимот, за уште посилен Вардар!“. порачаа вардарци преку социјалните мрежи.