Хрват направи нешто што во европскиот фудбал не беше видено цела деценија!
Триесетгодишниот стопер имаше извонредна индивидуална партија и се запиша во статистичките анализи со подвиг каков што ретко се гледа на фудбалските терени. Чалета-Цар стана единствениот фудбалер во петте најсилни европски лиги кој од сезоната 2015/16 до денес успеал на еден натпревар дури трипати да интервенира на самата гол-линија и да спречи сигурен погодок.
Неговата фантастична изведба ја потврди и статистиката. И покрај убедливиот пораз на Сасуоло, хрватскиот дефанзивец доби висока оценка од 9,6 на „Софаскор“.
Покрај трите спасувања од гол-линијата, Чалета-Цар забележа вкупно осум расчистувања, блокираше четири удари на противникот, а од последната линија успешно ја организираше играта со 46 точни додавања од вкупно 53 обиди.
Искусниот стопер пристигна во Сасуоло од Реал Сосиедад, а во досегашната кариера настапуваше и за Шибеник, Ред Бул Салцбург, Марсеј, Саутемптон и Лион.