Почнуваат подготовките за Шкотска и Словенија - Седлоски ги собра фудбалерите! (ФОТО)

Македонската фудбалска репрезентација од денеска ги започнува подготовките за последните два натпревари од Б-дивизијата во Лигата на нации, во кои ќе се соочи со Словенија и Шкотска.

Избраниците на селекторот Гоце Седлоски се ставаат на располагање на националниот тим, со желба циклусот да го завршат со позитивен резултат, откако досегашните осум натпревари не донесоа ниту една победа, а Македонија не успеа ниту да ја затресе противничката мрежа.

Кога станува збор за составот, најголемо внимание привлече изоставувањето на Бојан Миовски, додека ново име во сениорската репрезентација е Марко Ѓорѓиевски, кој за првпат е со сениорската селекција.

Првиот предизвик е гостувањето кај Шкотска во Глазгов, закажано за петок, 13-ти, со почеток во 20:45 часот. Три дена подоцна, во истиот термин, Македонија на домашен терен ќе ја пречека селекцијата на Словенија.