Шпанија остана без Јамал!

Селекторот на шпанската репрезентација, Луис де ла Фуенте, нема да може да смета на Ламин Јамал и Микел Ојаразабал за гостувањето кај Чешка во Лигата на нации, 

Јамал има болки во десното колено по победата од 2-1 над Атлетико Мадрид, додека напаѓачот на Реал Сосиедад има воспаление на крајниците.

Поради овие проблеми, двајцата ќе му се приклучат на репрезентативниот табор подоцна од планираното, па нема да бидат во составот за дуелот против Чешка во четврток. Сепак, се очекува да бидат подготвени за неделниот натпревар против Англија, кој Шпанија ќе го одигра на домашен терен.

Де ла Фуенте вчера мораше да направи и принудна измена во составот по повредата на крилниот фудбалер на Реал Сосиедад, Андер Баренечеа. На негово место селекторот го повика Хорхе де Фрутос од Рајо Ваљекано.